После многу поминати километри, и саати видео материјал...Дојдовме до заклучок заедно со Владе дека е вистинско време, еве аматерски некој да се заангажира, но сепак да сними филм каде ќе бидат прикажани повеќе категории на возење започнувајќи од Urban, Downhill, па и Cross country.
Во градот никнаа многу велосипеди, а исто така и солидни возачи. Локации за снимање има и користиме максимум колку што дозволуваат условите и патеките за возење. Секоја чест за возачите и голема благодарност до нив што прифатија да земат улога во овој аматерски филм кој го изработуваме јас и Владе.
Се надеваме во иднина и огромна желба ни е да снимиме филм на ниво на Македонија, па да им покажеме на соседите дека и кај нас има кој да ја треси прашината, кој да ги чука дрвата и кој да се расправа со нервозните и на моменти уплашени пешаци кога ќе им прелета boxxer покрај глава.
Сеуште сме на почеток, доколку некој од останатите градови доаѓа на кај Битола и има желба да пријави учество во филмот слободно нека ме исконтактира.
Секоја помош е добредојдена, посебно во опрема